четврток, 7 мај 2026

Двајца играчи на Реал Мадрид се степале во соблекувална?

Тензијата во соблекувалната на Реал Мадрид дополнително се зголемила по новиот конфликт меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, пренесува „Марка“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, двајцата фудбалери повторно влегле во жестока расправија, а ситуацијата била оценета како „многу сериозна“. Дел од соиграчите морале да интервенираат за да спречат поголем инцидент меѓу Валверде и Чуамени.

По случувањата, раководството на Реал Мадрид одржало итен состанок во соблекувалната, а на играчите не им било дозволено да го напуштат тренинг центарот додека траел разговорот.

Шпанските медиуми пишуваат дека атмосферата во клубот е сериозно нарушена во клучен период од сезоната и дека нервозата во тимот е сè поголема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ