четврток, 7 мај 2026

Судот во Њујорк објави наводно проштално писмо на Епстин

Федерален суд во Њујорк објави документ што содржи наводна проштална порака од Џефри Епстин, која била запечатена со години како дел од кривичната постапка против неговиот поранешен цимер во затворската ќелија, објави Њујорк тајмс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пораката била внесена во судскиот записник од судијата Кенет М. Карас.

Текстот, за кој не е независно потврдено дека е од Епстин, содржи низа емотивни и провокативни пораки, вклучувајќи тврдења дека истрагите против него се спроведени без резултати.

„Ме испитуваа еден месец – не пронајдоа ништо“, започнува пораката на Епстин, по што тој додава дека резултатот биле обвинувања што датираат од пред многу години.

„Вистинско задоволство е можноста да се избере времето за збогување“, продолжува пораката, додавајќи: „Што сакате да направам – да се расплачам?“

На крајот пишува со големи букви: „Не е забавно… Не вреди“.

Според судските документи, пораката наводно ја пронашол во јули 2019 година поранешниот цимер Николас Тартаљанеа, кој делел ќелија со Епстин во Њујорк.

Тартаљане изјавил дека пораката била напишана на жолта хартија.

Епстин беше пронајден мртов во својата ќелија во Метрополитен поправниот центар во Њујорк во август истата година, судскиот вештак официјално ја прогласи смртта за самоубиство.

Документот е објавен откако Њујорк тајмс поднесе барање писмото да се отпечати.

Судот ја донесе одлуката со образложение дека постои јавен интерес за околностите на случајот.

Министерството за правда на САД изјави дека претходно немало пристап до оваа белешка, додека адвокатите на Никола Тартаљанеа не се спротивставиле на нејзиното објавување.

Судските документи, исто така, укажуваат дека автентичноста на пораката не е потврдена и дека таа не била вклучена во претходно објавените досиеја поврзани со случајот на Епстин.

Пораката сега е дел од пошироко судско досие во постапка која се однесува на Тартаљанеа, кој претходно е осуден и кој во моментов издржува затворска казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ