четврток, 7 мај 2026

Левица предлага закон за целосно здравствено осигурување за хонорарци и невработени

Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, како и за невработени граѓани и нивните семејства.

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи, повика на широка поддршка од сите парламентарни партии, нагласувајќи дека уставната определба на Македонија како социјална држава подразбира еднаква здравствена заштита за сите граѓани.

„Утре во Собранието ќе се најде предлогот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, луѓе на договор на дело, невработени луѓе со брачни партнери со примања, деца во тие семејства итн. Македонија е социјална држава по својот Устав – општествениот договор подразбира заштита од државата за сите нејзини граѓани. Апел до пратениците од сите партии за поддршка на овој предлог!“ напиша Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ