четврток, 7 мај 2026

Бауер: Улогите на владите се најзначајни како ќе се снајдеме со демографските промени

Ова е суштински момент како ќе се снајдеме со демографските промени, а улогите на владите се најзначајни. Потребно е креирање политики за опфаќање на сечиј потенцијал, истакна Флоренс Бауер, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија на Регионалната министерска конференција „Предводење на промените: патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

УНФПА, како што истакна таа, развива регионална алатка за отпорност на демографските промени и тоа во различни подрачја како родовобазирани политики, во делот на сексуално-репродуктивните права и друго. Бауер укажа на потребата од демографска писменост која ќе им помогне на Владите за справување со овој проблем. Позитивно ја оцени изработката на национални стратегии од кои ќе произлезат визијата и политиките за справување со демографските предизвици, но исто така нагласи дека тие како организација освен со владите соработуваат и со приватниот сектор. Мажите и жените, рече таа, треба да можат да балансираат меѓу обврските и приватниот живот за да можат да основаат семејство и да се раѓаат деца.

Во Македонија стапката на раѓања останува ниска, а продолжува и миграцијата на младите луѓе. Човечкиот капитал останува нашиот најважен ресурс, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

Toj посочи на мерките и поддршката што ЕК ја да дава за справување со демографските предизвици.

„Стапките на наталитет и демографските трендови се приближно слични во Европската унија, а исти трендови се бележат и во земјите од Западен Балкан“, рече Рокас.

Со видео порака на Конференцијата се обрати Дубравка Шуица истакна дека оваа конференција доаѓа во круцијален момент. Западните земји се соочуваат со недостаток на работна сила, а Централна Азија и Источна Европа преку мигарција ги покриваат нивните потреби.

Европската комисија веќе има изготвено алатки за справување со демографските проблеми кои нудат решенија во зависност од контекстот. Шуица рече дека ЕК продолжува да работи на сите прашања поврзани со демографските процеси.

Рејчел Сноу, експерт за глобално население и јавно здравје во својот говор истакна дека паѓа стапката на раѓања (фертилитетот) и светот е изненаден.

„Имаме територии каде наталитетот оди надолу не само во Европа туку и во други земји. Погодени се и Кина, Русија… Албанија, БиХ и Молдавија ќе се соочат со намалување на населението за 30 отсто. Луѓето бираат да имаат помалку деца. Како да се бори светот со намалувањето на наталитетот. Дали од нас зависат морталитетот, фертилитетот и миграциите? Владите имаат голема моќ да влијаат да се промени ова“, рече Сноу.

Постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија испрати три пораки поврзани со демографската отпорност нагласувајќи дека во народот е силата и фокусот треба да биде во народот.

Според неа, треба да се инвестира во децата и младите пред некој друг да инвестира во нив. Потребно е да се обезбеди добро образование и работа како и да им се даде можност да имаат свој глас во одлучувањето. Само тогаш, смета Колумбија, ќе останат и ќе придонесат за земјата. Потребна е политичка волја и вклученост на приватниот сектор, а вели дека кај нас ги има. Втората порака е дека треба да се „отклучи“ силата на сите луѓе односно да се инвестира во жените, да вклучат лицата со попреченост, повозрасните… Третата нејзина порака во говорот на конференцијата беше демографијата да биде одговорност на сите сектори од образование, локален развој, вработување, социјална заштита…

„Имаме мерки и алатки и политичка волја и сега треба да почнеме да работиме“, рече Колумбија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ