четврток, 7 мај 2026

Научник изел 720 јајца за еден месец: Резултатите биле изненадувачки

Ник Норвиц, докторант на Харвард и застапник на кето исхраната, изел дури 720 јајца за само еден месец – во просек по 24 дневно.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Кајгана, тврдо варени јајца, омлети, пржени јајца, варени јајца – ги јадел на секој можен начин. Сите ги вклучил во строга кето диета богата со месо, риба, маслиново масло, сирење, јогурт, јаткасти плодови и темно чоколадо.

Експериментот стана вирален затоа што многумина очекуваа катастрофални резултати. Сепак, се случи сосема спротивното.

По еден месец, Норвиц направил детални крвни анализи за да го провери нивото на ЛДЛ холестеролот, познат како „лош“ холестерол.

Резултатот, вели тој, целосно го изненадил.

„Мислев дека мојот холестерол нема да се зголеми, но не очекував дека ќе се намали“, рече Норвиц.

Неговиот ЛДЛ холестерол се намалил за дури 18 проценти, и покрај тоа што го зголемил, речиси пет пати, внесувањето на холестерол.

Тој не запрел тука. Во последните две недели од експериментот, вовел и околу 60 грама јаглехидрати дневно преку овошје како банани, боровинки и цреши. Потоа, ЛДЛ дополнително се намалил за уште 20 проценти.

Норвиц тврди дека неговата цел не била да докаже дека јајцата се „чудотворна храна“ или дека кето исхраната е вистинска за секого.

„Не постои една најдобра исхрана за сите. Некои луѓе сакаат поздраво срце, други повеќе енергија, трети долговечност. Исхраната мора да биде прилагодена на човекот, а не обратно“, рече тој.

Експертите, сепак, предупредуваат дека ваквите експерименти не се универзална препорака за сите луѓе. Норвиц е млад, здрав и бил под медицински надзор, додека луѓето со висок холестерол или срцеви проблеми не треба сами да прават такви драстични промени во исхраната.

Сепак, неговиот експеримент повторно отвори старата расправа: дали јајцата навистина се неправедно прогласени за „непријател“ на здравјето?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ