четврток, 7 мај 2026

Од утре променливо време со дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и појава на грмежи, соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Во Скопје, утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Во следниот период ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ