четврток, 7 мај 2026

Правилата јасно објаснуваат зошто немаше пенал за Баерн

Многу полемики предизвика ситуацијата од првото полувреме на натпреварот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, кога домаќините бараа пенал по играње со рака во шеснаесетникот на францускиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

По обидот на Витиња да ја расчисти опасноста, топката го погоди неговиот соиграч Жоао Невеш во раката, а фудбалерите на Баерн веднаш реагираа и побараа најстрога казна. Сепак, португалскиот судија Жоао Пинеиро остана нем и покажа играта да продолжи.

Иако на прв поглед делуваше спорно, судијата постапи според правилата на ИФАБ. Според актуелните насоки, пенал не се досудува кога играч ќе го погоди свој соиграч во рака, освен ако со тоа директно не се спречува удар кон голот или не се создава јасна опасност по противничкиот тим.

Бидејќи во оваа ситуација немало директна закана кон голот на ПСЖ, одлуката на Пинеиро била исправна според фудбалските правила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ