четврток, 7 мај 2026

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Две лица се лишени од слобода, заради нелегално поседување и продажба на наркотици, соопшти МВР.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека вчера во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари.

Потоа, вечерта, полициски службеници го лишилe од слобода и Џ.М. од село Здуње, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ