
Тој потврди дека во текот на вчерашниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, кој му се јавил да му ја честита функцијата, ја разгледале идејата за работни групи за која се разговарало во текот на кампањата. Според Петков, работните групи ќе се структурираат што е можно поскоро.
„Се надевам на почетокот на јануари дека ќе имаме јасен план кои ќе бидат тие групи. Вклучувајќи го и она за што разговаравме утрово – да вклучиме повеќе култура, инфраструктура и економија како надополнување покрај историјата. Треба да направиме акциски план и на почетокот на јануари овие работни групи да имаат реални резултати, да дадат идеја да ги унапредиме преговорите на пооперативен план“, рече Петков.
Тој уште потврди дека нема на присуствува на Европскиот совет и дека Бугарија ќе ја претставува претседателот Румен Радев.
„Претпочитам мојата прва посета на Брисел да не биде оваа недела, бидејќи им давам приоритет на вистинските проблеми што треба да ги решиме денес. Некои луѓе рекоа дека можеби ќе имаме 100 слободни денови, но не, излезе дека имаме само едно попладне и една вечер, синоќа. Од овој аспект, претседателот Румен Радев ќе оди во Брисел“, рече премиерот Кирил Петков.






