На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.
Со последните бројки, барем со една доза вакцина се вакцинирани 68% од населението над 70 години, 65% од населението над 65 години, 61% од населението над 60 години и 51% од населението над 50 години.
Граѓаните без закажан термин и натаму се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба. Сајтот vakcinacija.mk пак, е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Од Министерството за здравство потсетуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.






