вторник, 19 мај 2026

РК Вардар нема да биде дел од големата прослава во Градски парк

РК Вардар нема да присуствува на прославата која ја организира ФК Вардар по повод шампионската титула во ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Од ракометниот клуб соопштија дека во истиот термин веќе имаат закажана клупска прослава на која ќе присуствуваат играчите, стручниот штаб, раководството, спонзорите и пријателите на клубот.

АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска јавност.

Овие успеси немаше да бидат возможни без нашите навивачи, но и нашите спонзори, партнери и пријатели. По тој повод пред извесен период ние веќе го дефиниравме датумот и ги испративме поканите за нашата прослава на која ќе присуствуваат сите играчи, членови на стручниот штаб, раководството на клубот, спонзори и ВИП личности.

Прославата ќе биде одржана на 23 мај со почеток во 20:30 часот, па не би можеле да присуствуваме на прославата која ќе биде организирана од страна на ФК Вардар, а на која беше најавено нашето присуство.

На нашите колеги од ФК Вардар им ја честитаме титулата и им посакуваме успешен настап во Европа“, соопштија од РК Вардар.

Тоа значи дека фудбалскиот клуб ќе организира самостојна прослава по натпреварот против Шкендија во последното коло од ПМФЛ. Прославата е закажана на „Школка“ во Градски парк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ