вторник, 19 мај 2026

Шефот на СЗО: Загрижен сум поради размерот и брзината на ширење на епидемијата на ебола

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна дека е длабоко загрижен поради размерите и брзината на ширење на епидемијата на ебола, додека расте бројот на случаи на зараза. „Од почетокот на новата епидемија, забележани се најмалку 500 случаи на инфекција и 130 смртни случаи за кои се сомнева дека се поврзани со ебола“, изјави шефот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, во главниот град на Уганда, Кампала, потврден е еден смртен случај и еден случај на инфекција кај две лица кои патувале од Демократска Република Конго, каде што се потврдени 30 случаи на инфекција во североисточната покраина Итури, кажа тој.

„Овие бројки ќе се променат со интензивирањето на теренските операции, вклучително и зајакнување на надзорот, следење на контактите и лабораториско тестирање“, изјави Гебрејесус пред членовите на СЗО кои оваа недела се состануваат во Женева.

Комитетот за итни случаи на СЗО треба да се состане денес за да разговара за епидемијата на ебола. Комитетот за итни случаи е составен од меѓународни експерти кои го советуваат шефот на светската организација.

Постојат неколку фактори кои ја загрижуваат СЗО за можното понатамошно ширење на инфекцијата, како што се случаите во урбаните средини, вклучувајќи ги Кампала и Гома во Демократска Република Конго и покраината Итури, која е зафатена од конфликти, пишува Ројтерс.

„Случаите регистрирани кај здравствените работници, исто така, укажуваат на ширење на инфекцијата во медицинските установи“, кажа Гебрејесус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ