Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 18-годишниот А.А. од село Стајковци и малолетник од кичевското село Србица, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар пак, поднесе кривична пријава против двајца гостиварци, поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Според информациите од полицијата, на 7 ноември 2025 година во Гостивар бил извршен претрес над второпријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Истрагата покажала дека дрогата претходно ја набавил од првопријавениот.
Кривична пријава за истото дело поднесе и ОВР Кочани против 23-годишен жител на градот. При полициски преглед на патничко возило, како и при претрес во неговиот дом и помошна просторија извршени на 18 август 2025 година, била пронајдена и одземена марихуана.






