Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Јурумлери, на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Велес и општинскиот пат Јурумлери–Долно Лисиче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен скопјанец и мотоцикл со скопски таблички, управуван од 33-годишник од село Идризово.
Во несреќата тешко бил повреден мотоциклистот, а повредите му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Втората несреќа се случила утрово по полноќ, на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, каде патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 50-годишен жител на Богданци, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и возачот и неговиот 52-годишен сопатник, исто така од Богданци. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.






