вторник, 19 мај 2026

Васоски и Анѓелески пред финалето: За Силекс е натпревар на сезоната

Силекс и Шкендија утре на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија и место на европската сцена.

Објавено на

часот

Сподели

Кратовчани сезоната ја завршија на четвртото место во шампионатот, а сега имаат можност успешната година да ја крунисаат со освојување на Купот. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен натпревар против искусниот состав на Шкендија.„За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските натпревари што ги има одиграно. Но, ќе се обидеме да ги искористиме сите слабости што ќе ни се понудат. Која би била предноста на Силекс? Според мене, тоа е што Шкендија има одиграно 54 мечеви сезонава. Посакувам добро финале и нека победи подобриот“, изјави Васоски.
Капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески верува дека тимот е подготвен за најважниот меч сезонава.„Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да го освоиме трофејот. Знаеме дека не очекува тежок противник, но веруваме во нашите квалитети и во тимскиот дух. Се надевам на добро финале, фер игра и радост за нашите навивачи на крајот“, изјави Анѓелески.Натпреварот меѓу Силекс и Шкендија се игра в среда во терминот од 20:00 часот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ