Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на основоположници на современата македонска поезија и на современи автори; публиката слушаше стихови од нашите етаблирани поети, но и од најмладите; ученици од основните и средните училишта од целата земја се натпреваруваа кој поубаво ќе прочита песна, а некои од нив учествуваа во интерактивни програми, пишуваа песни и ги читаа на поетската сцена.
Покрај поезијата на Блаже Конески и Анте Поповски, до широката публика повторно допреа и стиховите на Лира Бојку, Петар Т. Бошковски, Атанас Вангелов, Ристо Василевски, Видое Видичевски, Вероника Димоска, Илхами Емин, Гордана Јовиќ-Стојковска, Ефтим Клетников, Васил Куноски, Саранда Мехмеди, Нино Наумовски, Волче Наумчески, Елена Пренџова, Васил Пујовски, Михаил Ренџов, Михајло Свидерски, Милена Силјаноска, Стефан Спасовски, Љупчо Стојменски, Јован Стрезовски, Виолета Танчева-Златева, Љубен Ташковски, Катица Ќулавкова, Светлана Христова-Јоциќ, Иван Чаповски и Лејла Шериф-Емин.
Врски меѓу поезијата и публиката воспоставуваа Дамјан Атовски, Јулијана Величковска, Софија Гогова-Врчаковска, Теона Крстеска, Сергеј Настески, Андреј Наунов, Владимир Мартиновски, Андреј Медиќ Лазаревски, Петар Ренџов, Поетроника (Андреја Салпе и Оливер Митковски), Никола Ристановски, Антонио Трајковски, Игор Џамбазов и Јасмина Шопова.
МИА






