вторник, 19 мај 2026

Невронаука: Молитвата го менува мозокот

Долготрајната пракса на молитва, без разлика дали е медитативна, контемплативна или насочена, може да доведе до мерливи промени во структурата и функционирањето на мозокот, покажуваат истражувањата на невронаучниците.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според наодите на д-р Ендру Њуберг, невронаучник на Универзитетот Џонс Хопкинс и автор на книгата „Како Бог го менува вашиот мозок“, континуираната духовна пракса како молитва, се поврзува со зголемена активност во одредени клучни региони на мозокот.

Особено се истакнува префронталниот кортекс, кој има важна улога во размислувањето, фокусот, самоконтролата и донесувањето одлуки, како и предниот цингуларен кортекс, кој е поврзан со емпатија, емоционалната стабилност и регулирањето на емоциите.

Истовремено, истражувањата покажуваат и намалена активност на амигдалата, дел од мозокот кој е централен за обработка на страв и стресни реакции, што може да придонесе за чувство на смиреност и емоционална рамнотежа за време и по молитвата.

Скенирањето на мозокот (МРИ) дополнително покажува дека долготрајното практикување молитва и медитација може да поттикне невропластичност, или способност на мозокот да се менува и да се адаптира преку искуство.

Овој процес е поврзан со поголема психолошка отпорност, намалена анксиозност и развој на подлабоко чувство на внатрешен мир и значење.

Во оваа смисла, молитвата не се смета само како духовен чин, туку и како форма на ментална вежба што постепено може да го обликува мозокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ