„Најмалото од хоспитализираните деца е едномесечно бебе. Најмногу деца се разболуваат на возраст од нула до две години и од 9 до 16 години. Децата кои се на возраст помеѓу две и девет години изледа имаат подобар имунитет, со оглед на тоа што поретко се разболуваат. Петнаесет од болните деца се на училишна возраст, може да се каже дека откако почна учебната година има мало зголемување на бројот на заболени деца, но ситуацијата не е алармантна“, рече Зеќири.
Иако во ковид-центрите посетите се строго забранети, во болницата во Колзе направен е исклучок од ова правило.
Таму децата се придружувани од еден родител, најчесто од мајката.






