петок, 22 мај 2026

Вчера прва вакцина примиле 1.253 лица, а трета фајзер – доза 425 лица

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 425 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Заклучно со вчерашниот ден вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини, информира министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ