четврток, 21 мај 2026

Мегваер не оди на СП: Шокиран сум…

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел утре и официјално ќе го објави списокот за претстојното Светско првенство, а веќе е познато дека на него нема да се најде Хари Мегваер.

Објавено на

часот

Сподели

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед самиот потврди дека отпаднал од комбинација и призна дека одлуката на селекторот сериозно го изненадила.

Верував дека можам да имам важна улога за репрезентацијата ова лето, особено по добрата сезона зад мене. Искрено, бев шокиран и изненаден од ваквата одлука. Сепак, на тимот му посакувам успех“, изјави Мегваер.

Англискиот стопер сезонава одигра 22 натпревари во Премиер лига и запиша еден гол и две асистенции, а настапуваше и во ФА Купот и Лига купот.

Англија на Светското првенство ќе игра во група со Хрватска, Гана и Панама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ