Како што објави магазинот Шпигел, официјалната истрага е во тек од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврдило овие наводи како одговор на парламентарната истрага на пратеничката на Зелените Алма Задиќ. Според австрискиот кривичен закон, осомничените се товарат за учество во странски воени конфликти и кршење на одредбите за воени злосторства.
Шпигел потсетува дека наводите за таканареченото Сараево сафари предизвикаа реакции и во германскиот Бундестаг, каде што членовите на владејачката СПД побараа од федералната влада итно да провери дали меѓу осомничените има германски државјани.
Случајот со организирани тури за богати странци кои плаќале за да пукаат во граѓани на опколено Сараево од позициите на војската на Република Српска е под истрага и во Милано, каде што се води постапка против неколку италијански државјани, објави ДПА.






