четврток, 21 мај 2026

ФИФА размислува за ново проширување на Светското првенство

ФИФА сериозно размислува за ново проширување на Светското првенство, а според светските медиуми на маса е идеја Мундијалот во 2030 година да се игра со дури 66 репрезентации.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Светското првенство кое стартува наскоро ќе биде прво со 48 селекции, во раководството на ФИФА веќе се водат разговори за уште поголем формат. Идејата првично дошла од КОНМЕБОЛ, а претседателот Џани Инфантино наводно гледа можност за уште поголема вклученост на земји кои никогаш не играле на Мундијал.

Светското првенство во 2030 година треба да се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, со дополнителни натпревари во Аргентина, Уругвај и Парагвај, но евентуалното проширување би создало сериозен притисок врз инфраструктурата и организацијата.

ФИФА конечната одлука околу форматот се очекува да ја донесе по завршувањето на Мундијалот 2026, кој ќе биде главен тест за системот со 48 репрезентации. Во меѓувреме, од организацијата засега се откажале од идејата Светското клупско првенство да се игра на секои две години поради пренатрупаниот календар и големиот број натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ