недела, 17 мај 2026

Од есен можни се рестрикции за невакцинираните граѓани, најави Филипче

Објавено на

часот

Сподели

Според Филипче, се намалува интересот за вакцинација, се појавуваат нови кластери на заболени и не сите здравствени работници се вакцинирани.

„Анализите покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран со прилично висок процент, некаде 85 проценти, а се чекаат и анализите со опфатот на вакцинација на вработените во училиштата и градинките. Тоа се три сегменти кои ни се многу битни за некои процеси да продолжат да се одвиваат нормално и во есенските месеци, градинките и училиштата, и свесни дека можеби и покрај тоа што сѐ што правиме интересот нема да се зголеми, размислуваме за некоја форма на рестрикција. Никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека капацитетите за вакцинација се така димензионирани да може да се вакцинираат помеѓу десет и петнаесет илјади граѓани, кога имаше дадено термини, но повеќе нема интерес за пријавување преку системот за закажување.

„Гледајќи дека нема повеќе интерес преку системот за закажување, ги отворивме пунктовите да се вакцинираат сите кои ќе покажат интерес. Нашата проценка е дека до крајот на јули околу 500.000 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ревакцинирани“, рече Филипче.

Сепак, според него, тоа не е доволно бидејќи се јавуваат нови мутации, кои се многу преносливи, а индискиот сој е еден од нив.

„Ние ги користиме сите механизми за интензивна кампања. И на терен здравствените домови со здравствените работници, објавите на местата каде ќе се врши теренската вакцинација. Буквално сите луѓе ако покажат интерес на лице место каде што ќе се затекнат“, рече Филипче, додавајќи дека здравствените работници бидејќи дале сѐ од себе процесот на вакцинација да биде организиран и да се спроведе.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ