сабота, 23 мај 2026

Над 4 илјади лица вчера примија трета доза вакцина, но и натаму слаб интересот на невакцинираните

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се аплицирани како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424 а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, информира Министерството за здравство.

Од министерството велат дека со една доза се вакцинирани 57 отсто од полнолетните граѓани, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години.

„Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсот од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина“, велат од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ