Од вчера во угостителски објекти или на други настани каде има повеќе од 30 луѓе дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале ковид-19, пред 45 дена.
Министерството за здравство апелира и ги повикува граѓаните да се вакцинираат. Вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет, мерките кои се практикуваат од вчера не се никаква дискриминација, туку се неопходни за да се заштити јавното здравје, соопшти Министерството за здравство.






