четврток, 21 мај 2026

Едно лице три пати го прележало ковид-19, а по втор пат се заразиле 522 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).

Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени” се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.265) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.210,5/100.000 жители. Регистрирани се 3.908 смртни случаи кај лица од машки и 2.564 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.783 (73,9% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.869), дијабет (n=1.610) и белодробна болест (n=718). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 390 (6,0%) починале во вонболнички услови, а 6.082 (94,0%) починале во хоспитални услови“, велат од Институтот за јавно здравје. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ