Министерката вели дека исклучок од одлуката за настава во училиште може бидат учениците со хронични болести или кои имаат член во семејството со хронична болест, а дека онлајн настава ќе следат и оние ученици кои ќе бидат во изолација.
„Минатата година покажавме дека можеме успешно да организираме онлајн учебна година, но нема подобро образование од она со физичко присуство. Затоа што искуствата и во светот, и кај нас, покажуваат дека менталното здравје и социјализацијата се дел од учењето. Училиштата се веќе обучени, има протоколи, лани беа отворени за помалите ученици и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Затоа, за оваа година, во интерес на учениците очекувам дека ќе биде потврдена одлуката на Главниот координативен кризен штаб за настава со физичко присуство”, рече Царовска, одговорајќи на новинарски прашања при посета на ОУ со ресурсен центар „Иднина”.
Царовска вели дека во спречување на ширење на вирусот ќе се придонесе со почитувањето на здравствените протоколи, како и со имунизација на вработените во училишатата. Таа денеска изнесе нов податок, споре кој 62 отсто од вработените во училиштата се вакцинирани што, според неа, е двојно повисок просек од процентот на национално ниво.
„Презадоволна ќе бидам ако постигнеме 80 проценти. Наставниците се враќаат од одмор и сигурна сум дека ќе има уште една поголема акција на вакцинирање до 1 септември и уште побезбедно ќе се чувствуваме во училиштата”, рече таа.
Министерката истакна дека постојано ќе се следат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести, а доколку дојде до влошување на состојбата и се зголеми ризикот, потсети дека МОН е подготвено и за две други сценација кои ги претстави минатиот месец – онлајн-настава и комбинирано следење на наставата односно неделно ротирање на групи ученици за настава во училиште и онлајн.
Епидемилошките служби во училиштата, рече таа, ќе проценуваат и ќе утврдуваат дали некој ученик/ци или цело одделение ќе треба да бидат изолирани.
„Минатата година покажавме дека тоа одлично функционира, со брзата интевренција на здравствените служби, и немаше интерна трансмисија во ниту едно училиште. Затоа очекувам на истиот начин да функционира и од оваа учебна година”, додаде Царовска, порачувајќи дека успехот ќе зависи и од совесноста за помасовно вакцинирање и почитување на протоколите.
Таа смета дека не е голем проблем тоа што учениците ќе треба часовите да ги следат со заштитна маска, бидејќи, како што рече, малите ученици лани ги носеле маските во училница и брзо се навикнале на таа обврска, побрзо и подисциплинарано од возрасните.






