петок, 29 мај 2026

Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

Со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупризводите и суровините, ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по отворањето на трговскиот центар „Мега шоп парк“ во Гевгелија и напомена дека на претходните 50 отсто, сега има усогласување за дополнителни 20 проценти.

Објавено на

часот

Сподели

„Донесовме одлука со која се зголеми обемот на полупризводи и суровини кои ги користат производителите и извозниците во Македонија за да извезуваат. Претходно имавме усогласување 50-на отсто, сега имаме дополнително усогласување за нови 20 отсто, односно до 70 проценти. Со тоа ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни. Тоа е целта на ова усогласување“, потенцира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

Министерството за финансии вчера информира дека намалувањето на царинските стапки опфаќа 70 суровини, репроматеријали и компоненти што се користат во домашните производствени капацитети за производство на високо финални производи, а целта е да се зголеми извозната конкурентност на македонската индустрија.

„Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на царинските стапки што важат во Европската Унија“, наведе Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ