Содржините беа прилагодени на возраста на дечињата, за нивно полесно разбирање и усвојување, преку концептот на игра и забава. Актерката Ана Левајковиќ од Театарот за деца и младинци ги анимираше дечињата и преку разговор и игри им го доближи концептот на укажувачи и им ја пренесе пораката за важноста да се реагира и укаже на сѐ што е неправилно и штетно.
За секој цртеж дечињата добиваа карта за влез во Бејби зоолошката градина и пакет за хранење на животните.
Настанот „Викенд на врапчето“ е дел од кампањата за заштита на укажувачите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како дел од ИПА II проектот на ЕУ „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Северна Македонија“.






