среда, 15 април 2026

Субвенциите за авиолетовите на Визер ќе продолжат по завршување на рестриктивните мерки, најави Бочварски

Објавено на

часот

Сподели

Според него, како што ќе се подигнуваат рестриктивните ковид-мерки и како што ќе се отвора авиопревозот, се очекува сообраќајот дополнително да се раздвижи и субвенционирањето да продолжи.

„Како Влада веќе работиме и на подготовка на новиот повик во текот на првиот и вториот квартал во 2022 година, бидејќи овој проект завршува пролетта 2022 година, ние веќе работиме на нов повик и секако согласно сите процедури, подготовки, согласно трендовите и политиките ќе носиме одлука за повторно распишување нов повик за ваков тип субвенционирани летови. Посакуваме по подигнувањето на овие рестриктивни мерки од ковид-пандемијата да продолжи во иднина. Во овој момент имаме средства на нашата сметка и очекуваме дека доколку продолжат летовите, доколку продолжи субвенционирањето дека дел од нив ќе ги употребиме, но не можеме да знаеме колку од нив ќе бидат употребени заради неизвесноста што ја има ковид-пандемијата. Надвор од доменот на работата и на Министерството и на Владата е брзо да се кренат овие мерки и да се намалат рестрикциите“, истакна Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања по пристигнувањето на првиот директен лет од Санкт Петербург во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ