„Во однос на поплаките од производителите на платични кеси за носење на стоки, од 2013 година задолжително за кесите за носење на стоки важеше стандардот за оксобиоразградливост. Значи сите овие производители од 2013 година биле обврзани да произведуваат и да нудат на пазарот кеси кои го задоволуваат стандардот за оксобиоразградливост. Со новиот Закон е воведена забрана за пуштање на пазарот пластични кеси, дозволени се само биоразградливи согласно најновиот стандард за биоразградливост што значи дека се произведени од некаква органска материја која може да се распадне како органиски отпад“, велат од министерството.
Во соопштението се додава дека за да им се излезе во пресрет, заради нивните поплаки кои, како што се нагласува, биле ненавремени, бил овозможен допполнителен период од година и пол, време во кое би го потрошиле материјалот за биоразградливи кеси.
„Но, по тој период, од 1 јуни 2023 да почне да се применува новиот стандард за биоразградливост“,нагласуваат од министерството.






