Пет години Парк хотел и спа, заедно со рестораните Фор, Брик ит (Brick eat), Фитнес и спа Парк центарот и кетеринг услугите, две години од отворањето на Некст дор Парк (Next door Park) хотел, под капата на Паркленд хоспиталити груп (Parkland Hospitality Group) како едно семејство. „Поминавме година на многу предизвици, изградивме многу нови мостови и темели, останавме доследни до тоа дека без континуирано надградување и инвестиции е невозможно да се одржи еден силен бренд и токму тоа и го направивме, затоа што нашите клиенти и гости го заслужуваат најдоброто“, велат од менаџментот на Паркленд.

Она на што Паркленд посебно се осврнува со гордост е доследноста до мисијата за општествено одговорно работење – подадена рака секогаш и секому кога тоа било потребно; на социјално загрозени категории, на најмладите, на заедницата…така ќе се продолжи и во иднина.
„За изминатава година не врзуваат и убави и неубави мигови. Горд сум на моето семејство и на целиот тим што заеднички го постигнавме ова што го имаме денес. Со единственост, сплотеност, заедничка визија, решителност и пасија успеавме да го подигнеме нивото и стандардите на работење на компанијата на едно светско ниво. Во следниот период ќе се посветиме на поставување на нова корпорациска структура и култура, за уште поголема обединетост и квалитет во работењето”, посочи Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд.
Во ек на пандемијата и најголемите предизвици во изминатиов период, тимот на Паркленд интензивно работеше на поставување на „зелена“ еко-френдли (eco-friendly) стратегија, издигнувајќи се како пример во заедницата за компанија која работи совесно и одговорно, која освен придобивки од безбедносен аспект во време на пандемија и дигитализирање на работењето, донесе низа придобивки благодарејќи на индивидуалната и колективна свест на нашите вработени, членови, гости и партнери.







