среда, 15 април 2026

Комодита донираше душеци за болницата во Козле во вредност од 100.000 евра

Објавено на

часот

Сподели

„Комодита е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салон. Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Комодита хоум. Фабриката за производство на душеци на Комодита хоум, е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лаборатории, знаеме колку е важен добриот сон и дека тоа го заслужува секој од нас. Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата без родители, лица од социјално загрозените категории, но и сите останати, заслужуваат поддршка во остварување на нивните соништа, и секако убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен”, Комодита хоум ќе помага секаде каде што сме потребни“, велат од компанијата.

„Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1.500 душеци во Детска клиника Козле, Кардиологија, ковид- центри низ државава, Геријатрија, СОС детско село, а оваа наша донација е со финансиска вредност од над 100.000 евра. Во соработка со Општините директно ќе ги помагаме и најзагрозените семејства. Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа денешна донација, ја најавувам како веќе потврдена и донацијата на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Со овој наш потег се радуваме дека ќе помогнеме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности”, истакна на прес-конференцијата Харитон Гаџоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ