среда, 15 април 2026

Јануари-август раст на индустриското произвдоство од 4,5%

Објавено на

часот

Сподели

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава споредено со август лани  бележи пораст од 12,8 проценти, како и од 3,7 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а опаѓање од 3,5 проценти во секторот Преработувачка индустрија. Намалувањето во овој сектор  е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кајЕнергија за 9,9 проценти, Капитални производи за 24,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 проценти. Пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 24,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 13,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ