Со седиште во Бугарија, „Скеил фокус“ работи на меѓународно ниво со канцеларии низ целиот свет и за клиенти од клучните пазари како што се Северна Америка и Западна Европа. Досега има испорачано повеќе од 500 успешни проекти за клиенти на три континенти. Главната цел на компанијата е да го поттикне успехот на луѓето преку користење на технологии и иновации.
Компанијата ја почна својата инвестиција во Македонија во 2019 година со амбициозни планови за раст. Благодарение на талентираното локално раководство, таа брзо ги зголеми своите активности во земјата. Проекцијата на компанијата за следните 5 години, е бројот на вработени да надмине 300 луѓе.
Преку своите канцеларии во Македонија, „Скеил Фокус“ има за цел да ги мотивира и задржи младите ИТ експерти во земјата, да им даде можност да растат и да ги развиваат клучните технолошки вештини, додека работат на големи иновативни проекти за водечки компании низ целиот свет, велат од компанијата.






