„Владата има пресметки и затоа одлуката на Владата, како сопственик на ЕСМ, е со која цена да се оди кон универзалниот снабдувач. Тоа е јавна политика на Владата-за да се ублажи ценовниот ефект, се оди со пониска цена на чинење на електричната енергија. Затоа, буџетски средства одат кон ЕСМ за да се покрие таа загуба и да се ублажи ценовниот ефект“, рече Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора.
Потсети дека кон ЕСМ се насочени четири милијарди денари и дополнителни 980 милиони денари. Дополнително, во Буџетот за 2022 година планирани се и средства за докапитализација на ЕСМ.
Како мерки кои се во насока на поддршка на граѓаните, Бесими ги посочи и намалувањето на ДДВ и финансиската помош од илјада денари за социјално загрозените семејства и 9.000 пензионери со ниски примања.






