„На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“ напиша на својот фејсбук-профил министерот Бектеши.
Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, почнувајќи од вчера се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.






