сабота, 25 април 2026

Захарова: Навални го спонзорираат странски амбасади, погодете кои

Објавено на

часот

Сподели

Таа на Телеграм наведе дека ја прочитала информацијата дека меѓу оние кои ги спонзорирале проектите на Навални се десетици вработени во странски амбасади во Русија.

„Одлучив да откријам дали е тоа лага. Излезе дека не е и сè е потврдено“, напиша Захарова, а пренесува ТАСС.

Како што објасни, шемата била спроведена така што странските амбасади најмувале руски државјани и им уплаќале пари кои подоцна биле префрлани во соодветните агенции.

„Погодете преку чии амбасади минале најмногу донации. Во право сте, низ американската и германската“, напиша Захарова.

Таа додаде дека и амбасадите на Канада, Франција, Шпанија и други земји членки на НАТО исто така учествувале во „овој мал рингишпил“.

„Дали странските влади го смислиле овој начин на префрлање на парите специјално за Навални или тоа била изненадувачка коинциденција меѓу работодавците и вработените, тоа треба да го откријат нашите цивилни активисти и новинари“, порача Захарова.

Таа оцени дека во западните мејнстрим медиуми би „избила хистерија“ кога вработени во руските дипломатски претставништва би префрлале пари на републиканците во САД, или Каталонците во Шпанија, на пример.

„Крици би се слушнале низ целата планета“, истакна Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ