петок, 24 април 2026

Лажни станови на социјалните мрежи, скопјанка измамила четири лица од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишна скопјанка поради сомнение за „продолжено кривично дело измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, во текот на 2025 и 2026 година, пријавената преку профил на социјалната мрежа Фејсбук лажно се претставувала дека располага со станови за издавање. Таа довела во заблуда четири лица од Тетово, од кои земала пари како капар за кирија.

Откако ги примала средствата, не ги обезбедувала ветените станови, со што се стекнала со противправна имотна корист од вкупно 45.900 денари.

Се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ