петок, 24 април 2026

Трамп: Иран сака да разговара и да даде понуда во согласност со американските барања

Иран сака да разговара и подготвен е да даде понуда која би ги задоволила американските барања, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во телефонско интервју за Ројтерс, Трамп потврди дека американските претставници патуваат во Пакистан за да се сретнат со министерот за надворешни работи на Иран, што е во согласност со неговите изјави во последните недели, јавува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тие излегуваат со понуда, па ќе видиме“, кажа Трамп, додавајќи дека сè уште не знае што ќе содржи таа. Тој потврди дека американските претставници преговараат со „луѓето кои сега се на власт“ во Иран.

Трамп објави и дека ќе се сретне со британскиот крал Чарлс следната недела за време на неговата државна посета на Соединетите Американски Држави. Тој изјави дека планира да разговара за голем број прашања со британскиот монарх, вклучувајќи ги Иран, НАТО и данокот за дигитални услуги кој британската влада им го наметна на големите американски технолошки компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ