Истовремено постојат сугестии од неговата владејачка Српска напредна партија дека треба да ја продолжи својата политичка кариера како премиер, со оглед на тоа што според Уставот, не може да се кандидира за претседател трет пат. На прашањето дали планира да поднесе оставка за три до четири месеци, Вучиќ за Радио Белград кажа „можеби дури и порано“ и дека секој ден размислува да се кандидира за премиер.
„И нема да им кажам на луѓето дека го скратив мојот мандат, туку „поднесов оставка“, кажа Вучиќ и најави „важен состанок“ во рамките на владејачката СНС, партијата во која формално поднесе оставка во мај 2023 година.
Тој додаде дека „изборите ќе бидат за неколку месеци“ и дека тоа е техничко прашање. „Изборите ќе се одржат за три или четири месеци. Тие нема да бидат во јули или август, а дали тогаш ќе бидат распишани е друго прашање“, кажа Вучиќ.






