Проширениот формат кој е со 48 репрезентации носи поголем број на натпревари, а втората причина е огромните цени за влезници за кои ФИФА и организаторот трпеа големи критики.
ФИФА дозволи цените на голем дел од влезниците да бидат креирани според понуда и побарувачка односно да имаат динамични цени, а тоа допринесе за билети со неверојатни суми.
Последните проекции се дека ФИФА ќе заработи 11 милијарди долари само од продажба на влезници.






