Штипскиот тим и третпат во финалната серија го совлада Борец Волеј со убедливи 3-0 и со максимални 3-0 во победи го освои шампионскиот пехар.
Штипјани доминираа во текот на целата серија и не му оставија никаква шанса на противникот, добивајќи ги сите три натпревари со идентичен резултат. Во решавачкиот меч одигран во Штип, домашниот тим беше сигурен од почеток до крај, првите два сета ги доби со 25-18, а третиот со убедливи 25-16.
Со овој триумф, Штип УГД ја заокружи совршената сезона, откако претходно го освои и Купот на Македонија, со што ги обедини двата најважни трофеи во македонската одбојка.






