петок, 24 април 2026

Потенцијален македонски репрезентативец е избран за играч на колото во Србија

Потенцијален македонски репрезентативец е избран за најдобар во последната рунда во српската Суперлига.

Објавено на

часот

Сподели

Андреј Тодороски блесна со два гола во победата на ТСЦ Бачка Топола на гостувањето кај Спартак Суботица, во натпревар од големо значење за опстанокот.

Македонскиот крилен напаѓач не ги прослави погодоците од почит кон поранешниот клуб, но беше клучен човек на теренот. Со овој настап, Тодороски практично го запечати поразот на Спартак и го оттурна тимот поблиску до испаѓање.

Инаку, со Тодороски од пред некое време се водеше постапка за да се исполнат условите и да заигра за репрезентацијата на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ