Политиката на земјите од колективниот Запад е главната закана за меѓународното општество и безбедноста, оцени рускиот министерот за време на состанокот со лидерите на руските непрофитни организации.
„Главната закана за меѓународниот мир и безбедност, како што ја гледаме денес, е политиката на земјите од колективниот Запад“, оцени Лавров.
Според него, Западот сака да ја задржи својата доминација по секоја цена и да го спречи развојот на нови светски центри во Азија, Америка и Јужна Америка, пренесува РИА Новости.
Лавров истакна и дека Соединетите Американски Држави во дијалогот со Русија не ја следат логиката – „ако не го направиш она што го барам од тебе, ќе те казнам“.
„Логиката на Американците во односите со повеќето земји, во дијалогот со нас досега не сум слушнал такви работи, и се надевам дека нема да ги слушнам, е дека ако не го направиш она што го барам од тебе, ќе те казнам“. Тоа значи, „јас ништо не ветувам, но ти мене мора да ми го дадеш она што го сакам, ако не ми го дадеш ќе ве казнам“, кажа Лавров.
Тој додаде дека „ова не е рамнотежа на интереси, а уште помалку искрен разговор“.
Лавров разговараше вчера со својот пакистански колега Мухамед Исак Дар за ситуацијата во Персискиот Залив.
Како што соопшти руското Министерство, двајцата претставници разговарале за актуелните аспекти на руско-пакистанската соработка и размениле мислења за ситуацијата во Персискиот Залив.
Во разговор со пакистанскиот министер за надворешни работи, Лавров ја потврдил подготвеноста на Русија да помогне во постигнувањето договор меѓу Иран и САД.






