сабота, 25 април 2026

Машинскиот факултет ги отвора вратите за идните студенти, соработници и љубители на инженерството

Машинскиот факултет (МФ) – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира Отворен ден – ги отвора своите врати за идните студенти, соработници и љубители на инженерството.

Објавено на

часот

Сподели

Целта е да ги запознаат студиските програми и можностите за студирање, да разговараат со професорите и студентите, да дознаат како се студира на МФ и да ги разгледаат современите лаборатории со кои располага факултетот.

Покрај Отворениот ден, ќе се одржи и натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 на кој се најавени обраќања на деканот Златко Петрески и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ