петок, 24 април 2026

Тешко повредена жена во сообраќајка на автопатот Скопје–Тетово

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во атарот на село Ласкарци, се случила сообраќајна несреќа.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, 33-годишната А.А. од гостиварското село Дебреше, управувајќи патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална ограда.

Во несреќата тешки телесни повреди добила нејзината сопатничка, 72-годишна жена, додека со полесни повреди се здобила и 14-годишна малолетничка, двете од истото село. Повредите биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ