сабота, 25 април 2026

Лејкерс со луд пресврт до трета победа во серијата со Хјустон (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс во меч со едно продолжение го победи Хјустон на негов терен со 112-108 и поведе со 3-0 во серијата од првата рунда во плејофот.

Објавено на

часот

Сподели

Хјустон во последните секунди имаа шест поени разлика, но Лејкерс најпрво со три слободни фрлања, а потоа и со тројка на Леброн на 13 секунди до крајот дојде до нерешени 101-101 и го однесе мечот во продолжение во кое беа подобро и го добија мечот.

Натпреварот Леброн го заврши како најефикасен во својот тим со дабл-дабл од 29 поени, 13 скока и шест асистенции за нешто повеќе од 45 минути поминати на паркетот. Зад него по учиникот следеше Руи Хачимура со 22 поени, па Маркус Смарт со 21 поен. На спротивната страна не беа доволни 33 поени и 16 скокови на Алперен Шенѓун, додека Амен Томпсон запиша дабл-дабл од 26 поени и 11 скока.

Лејкерс игра подобро од очекувањата со оглед на тоа дека најдобрите поединци од регуларниот тек на сезоната, Лука Дончиќ и Остин Ривс се надвор од теренот поради повреди.

И наредниот меч од серијата се игра во Хјустон.

Резултати:

Филаделфија – Бостон 100-108 (1-2)
Хјустон – ЛА Лејкерс 108-112 (0-3)
Портланд – Сан Антонио 108-120 (1-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ