сабота, 25 април 2026

Странските експерти ја избегнуваат источна Германија

Странските експерти не сакаат да живеат на истокот од Германија, претпочитајќи ги поголемите градови и западниот дел од земјата, според студија објавена денес од Институтот за германска економија во Келн.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓу експертите што живеат во Берлин, Хамбург и Бремен, еден од четири не е роден во Германија, додека во федералните држави на истокот од Германија, само девет проценти од професионалната работна сила е од странско потекло“, произлегува од студијата на Германскиот економски институт (ИВ).

Слично висок процент како во градовите, федералните држави Хамбург, Берлин и Бремен забележан е и во силните економски региони на западот од земјата, како што е Баден-Виртемберг.

Комесарот на германската влада за федералните држави кои некогаш беа дел од Источна Германија, Елизабет Кајзер, изрази загриженост дека имигрантите и квалификуваните работници од странско потекло го избегнуваат истокот од земјата.

„За позитивна перспектива на истокот од земјата, со оглед на драматичните демографски трендови, ни треба зголемена имиграција и затоа ни треба култура на добредојде“, изјави Кајзер за медиумската куќа Функе.

Кајзер додаде дека активностите на популистичките партии кои сеат недоверба кон странците „претставуваат опасност“ за развојот на источните федерални покраини.

Во федералните држави кои некогаш припаѓаа на Источна Германија, десничарската популистичка Алтернатива за Германија ужива поддршка на до 40 проценти од гласачите.

Во септември се одржуваат избори за покраински парламенти во неколку федерални држави, а според анкетите на јавното мислење, АфД би можела да освои мнозинство во некои од нив, како што е Саксонија-Анхалт, и да ја формира следната покраинска влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ