Како што вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за Градскиот ѕид, Главната пошта, Градскиот трговски центар, Македонската академија на науките и уметностите,… Тој ги повикува сите заинтересирани да се приклучат на турата.
„Секој објект во Центар има своја приказна и своја историја. Ова е можност граѓаните да ја запознаат архитектурата и развојот на централното подрачје со стручен водич, кој ќе ги открие деталите за кои често не знаеме, а се дел од нашиот секојдневен простор“, изјави Герасимовски.
За учесниците се обезбедени пијалок и ужина, како и разгледници со репродукции од ремек-дела на Брут СКП, кои ќе бидат доделени како симболичен сувенир од оваа прошетка.
Прошетката е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, преку која се реализира едукативната програма „Центарски прошетки“, со цел да се придонесе кон поголема информираност, подобро запознавање со градското наследство и активно вклучување на граѓаните во културниот живот.






